İlayda Çakırtekin
01 Октомври 2026•Ажурирано: 01 Октомври 2026
Повеќе од три четвртини од Чесите се загрижени поради измамите генерирани со помош на вештачка интелигенција (ВИ), објави денес Чешкото радио, повикувајќи се на истражување на Чешката асоцијација за ВИ, пренесува Анадолу.
Истражувањето покажа дека околу 77,5 отсто од испитаниците изразиле загриженост поради измами со помош на ВИ.
Исто така, 72,3 отсто изразиле загриженост поради видеа и фотографии создадени со дипфејк, додека 70,6 отсто стравувале од кибернапади.
Околу една четвртина од испитаниците рекле дека би можеле да препознаат убедлив дипфејк.
Истражувањето, исто така, покажа значителна поддршка за означување на јавно достапните содржини генерирани со ВИ.
Повеќе од 70 отсто го поддржале учењето на децата во училиштата за тоа како функционира ВИ и како безбедно да ја користат.
Според наводите, истражувањето било спроведено меѓу 1.407 полнолетни лица.