Ekipa
05 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ПАРИЗ (АА) - Бројот на загинатите во пожарот кој избувна во една зграда во францускиот главен град Париз, се искачи на 10 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на француските медиуми, синоќа избувнал пожар во една зграда во 16. регион на Париз, во кој смртно настрадале 10 лица, додека 30 лица се повредени, од кои 6 се противпожарни службеници.
Се вели дека противпожарните служби за шест часа презедоа контрола врз пожарот, а дека сѐ уште не се знае причината за пожарот.
Во соопштението на Обвинителството во Париз се наведува дека во врска со овој случај приведено е едно лице.
Две згради кои се наоѓале до зградата во која избувна пожар, биле евакуирани поради безбедносни причини.