Ayşe Doğru
08 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
АНКАРА/ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Четириесет и три лица смртно настрадаа во пожарот кој избувна во една фабрика во индискиот главен град Њу Делхи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, во околу 5:30 часот избувна пожар во петкатна фабрика за картони во Њу Делхи.
Противпожарните екипи имаа потешкотии во интервенцијата против пожарот бидејќи фабриката се наоѓа во тесна улица.
Во пожарот 43 лица го загубија својот живот, додека голем број лица се повредени.
Атул Гард од противпожарната дирекција во Њу Делхи истакна дека над 50 пожарникари кои интервенирале против пожарот, се задушиле од чадот, а 56 лица кои биле во несвесна состојба, биле пренесени во болница.
Започната е истрага во врска со случајот.