Zehra Nur Düz
12 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
ТОКИО
Најмалку 5 лица ги загубија животите во пожар во фабрика за кондиторски производи во северозападниот дел на Јапонија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во пожарот што избувна синоќа во префектурата Нигата освен 5-те загинати, едно лице се води за исчезнато.
Новинската агенција „Кјодо“ објави дека десетици работници биле во фабриката во моментот кога избувнал пожарот.
Противпожарните екипи го ставиле пожарот под контрола по деветчасовна борба со огнот, а потрагата по исчезнатите е прекината поради големите оштетувања и ризикот од уривање на објектот.
Со фабриката управува производителот на кондиторски производи „Санко Сеика“.