Murat Ünlü
10 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Познат е идентитетот на главниот осомничен за нападот со автомобил на војниците во париското предградие Левалоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хаму Б., роден 1980 година, беше уапсен вчера на автопат во близина на Булоњ-сур-Мер во северниот дел на Франција, додека го возел автомобилот што беше користен во нападот во кој беа повредени шестмина војници, од кои тројца потешко. За време на апсењето ранет е напаѓачот и еден полицаец. Во напаѓачот беа испукани пет куршуми.
Полицијата го претресе домот на осомничениот во Ивлин, во близина на Париз. Обвинителството за борба против тероризмот започна истрага во врска со овој настан, кој ќе го спроведе француската Агенција за разузнавање и Службата на судската полиција.
Вчера наутро, напаѓачот со автомобили „BMW“ со темна боја удри во група војници, при што беа повредени шестмина.