Gözde Bayar
01 Јуни 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
ЊУЈОРК (АА) - Полиција на Њујорк приведе неколку пропалестински демонстранти по судирите пред музејот во Бруклин, каде стотици луѓе се собраа синоќа за да ги осудат израелските повеќемесечни бомбардирање на Појасот Газа, известува Анадолу.
Стотици пропалестински демонстранти го преплавија музејот во Бруклин, а протестите започнаа околу 16 часот по локално време во Форт Грин, каде што планирале да маршираат во близина на центарот Баркли во знак на осуда на тековните израелски воени напади на Појасот Газа.
Од Музејот на уметност соопштија дека објектот бил затворен еден час порано поради нередите, во кои имало судири на полицијата и демонстрантите внатре и надвор од зградата.
Управата на музејот соопшти дека не повикале полиција, но полицијата пристигнала на местото на настанот и се судрила со демонстрантите, при што биле приведени повеќе лица.
Полицијата спровела приведувања, но не се знае точната бројка на приведени, објави Си-би-ес Њуз, повикувајќи се на полициски извори.