Ayhan Şimşek
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Полицијата денес насилно го прекина протестот против карантинот во близина на германскиот Парламент, откако илјадници демонстранти не ги послушаа полициските сили да се разотидат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Речиси 5.000 демонстранти, вклучувајќи и десничарски екстремисти и активисти против вакцинирањето, се сопраа пред Бранденбуршката порта, додека пратениците дискутираа за новиот закон за построги ограничувања поради Ковид-19.
Откако демонстрантите одбија да носат маски и да одржуваат безбедна дистанца, полицијата им порача на водачите на протестите мирно да ги завршат демонстрациите. Откако демонстрантите не ги послушаа наредбите, полициските сили употребија водени топови и бибер спреј.
Приведени се неколку демонстранти кои одбиле да се разотидат.
Во Германија од 2 ноември се воведени нови мерки за јавниот простор за да се спречи ширењето на пандемијата и да се намали стапката на пораст на бројот на случаи, а ќе трае сè до крајот на месецот.
Според овие мерки, до крајот на ноември ќе се затворат театрите, кината, оперските и концертни сали, теретаните, базените и козметичките салони.
Забранети се и тимските спортови на аматерско ниво, а навивачите и понатаму нема да можат да присуствуваат на мечевите од Бундеслигата.
Училиштата и градинките ќе бидат отворени.