Elvir Hocic
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
КОБЈЕРЗИЦЕ (AA) – Генијален земјоделец од Полска на своето поле со пченка создаде лавиринт кој секојдневно привлекува голем број туристи, а посебна радост им приредува на најмладите посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од најголемите лавиринти во Полска се наоѓа на полето со пченка недалеку од градот Кобјерзице, а репортерот на АА го сними полето со дрон.
Станува збор за поле со површина од хектар и половина, на кој генијалниот земјоделец прецизно засадил 100.000 стебленца пченка и направил кружен лавиринт од 13 слоеви.
Посетителите до жетвата кон крајот на октомври ќе можат да уживаат во пронаоѓањето на излезот од три метра високата пченка.