Yusuf Kaya
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ЏИРОНА (АА) - Шпанската полиција и жандармеријата не го дозволува одржувањето на референдумот за независност на Каталонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанската полиција изврши упад во неколку центри во кои каталонската автономна администрација се подготвуваше да го спроведе референдумот, конфискувајќи ги гласачките кутии и гласачките ливчиња.
Министерството за внатрешни работи на Шпанија, соопшти дека не го дозволува одржувањето на референдумот за независност на Каталонија и започна да ги конфискува сите гласачки ливчиња и гласачки кутии.
Жандармеријата воспостави контрола врз салата во која требаше да гласа Пучдемон
Еден од центрите во кои беше извршен упад е спортската сала во градот Џирона, во која требалo да гласа претседателот на каталонската автономна администрација, Карлес Пучдемон.
Во гласачкиот центар пристигнале околу 80 припадници на жандармеријата. Откако ги отстраниле барикадите поставени пред вратата на салата, воспоставиле контрола врз објектот.
Забележани се расправии меѓу групите поддржувачи на независноста и жандармеријата.
Од друга страна, се информира дека во каталонските градови Барселона и Џирона настанаа судири меѓу поддржувачите на самостојноста на Каталонија и безбедносните сили и во судирите има ранети.
Поради обидот на шпанските власти да го спречат референдумот за независност на Каталонија, Пучдемон бил приморан наместо во спортската сала во местото Сант Јулија де Рамис, својот глас да го даде на друго изборно место. Пучдемон ја посетил спорската сала во која се наоѓал центарот за гласање откако безбедносните сили ја напуштиле.
Пучдемон приврзаниците за независност на Каталонија го пречекаа со голем аплауз, а тој обраќајќи им се рече: „Шпанската држава се прикажа себеси во негативно светло, надминувајќи ги границите на срам. Каталонците кои дојдоа да гласаат, ги пречека со палки, пластични куршуми и насилство”.
Турул: Ливчињата ќе се бројат како важечки
По реакцијата на безбедноснтие сили зборуваше Џорди Турул, портпаролот на каталонската автономна администрација, истакнувајќи дека извршени се измени во правилата за гласање и како валиднни ќе бидат прифатени и ливчињата отпечатени во домашни услови и кои не се наоѓаат во плико. Турул рече дека Каталонците ќе можат да гласаат во било кое училиште, без да се гледа листата на евиденција, тврдејќи дека и покрај реакцијата на шпанските безбедносни сили, сѐ уште се отворени 73 отсто од центрите за гласање.
Портпаролот на Турул истовремено побара оставка од Енрик Мило, највисокиот административен претставник на Шпанија во Каталонија.
„Приморани сме да правиме нешта што не сакаме”Во исто време, Енрик Мило, највисокиот административен претставник на Шпанија во Каталонија, во врска со акцијата на полицијата за спречување на референдумот кој е забранет од страна на шпанските власти изјави „Приморани сме да правиме нешта што не сакаме”.
Гувернерот Мило даде изјава за новинарите во исто време додека шпанската полиција и жандармерија продолжува со свои упади во центрите за гласање.
Истакнувајќи дека на ниту еден начин ова не е акција против Каталонците, Мило рече: „Станува збор за спречување на нелегален референдум. Затоа ги конфискуваме гласачките кутии и гласачки ливчиња. Приморани сме да правиме нешта што не сакаме”.
Владата на Шпанија: Референдумот ја загуби валидноста
Шпанската официјална новинска агенција ЕФЕ објави вест која се базира на владини извори. Во веста се наведува дека референдумот во Каталонија кој од страна на Уставниот суд на земјата е прогласен за нелегален, по рекацијата на полицијата и жандармеријата во потполност ја загубил својата валидност со неприфатливото гласање на ливчиња отпечатени во домашни услови.
Повредени 38 лицaОд друга страна, шпанската полиција и жандармерија реагираше на спроведувањето на референдумот, кој судот го прогласи за нелегален. Во судирите на полицијата и поддржувачите на независноста на Каталонија, повредени се најмалку 38 лица, од кои тројца потешко.