Murat Temizer
07 Септември 2023•Ажурирај: 08 Септември 2023
ВАРШАВА (АА) - Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно и дека Полска ќе ја брани секоја педа од својата земја, јавува Анадолу.
Во говорот во Киелце, Полска, Моравјецки се осврна и на Русија.
Тврдејќи дека Русија планира да го обнови своето уништено царство, Моравјецки рече:
„Пропагандистите на Кремљ не ги кријат непријателските намери на Русија кон Полска. Пред сè, мора да се фокусираме на модерното вооружување на војската.“
Тој истакна дека Полјаците треба да се чувствуваат безбедно.
„Ќе ја браниме секоја педа од нашата земја. Тоа ќе го направиме со НАТО, најсилниот воен сојуз во историјата на светот. Тоа ќе го направиме со ширење на полската војска и индустријата за оружје. Тоа ќе го направиме во соработка со нашите сојузници“, порача Моравјиецки.
Посочувајќи на Белорусија, Моравјецки рече дека Полска граничи со „целосно непредвидлива“ држава.