Dildar Baykan
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 218 луѓе ги загубија животите во поплавите што ги предизвикаа монсунските дождови во западниот дел на Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Владини официјални лица изјавија дека по повлекувањето на водата во областа Гуџарат во изминатите два дена, успеале да дојдат до повеќе од 100 тела.
Бројот на загинати се искачи на 218. Тие истакнаа дека во поплавите се погодени повеќе од 450.000 луѓе.
Локалните медиуми објавија дека жителите почнале да се враќаат во селата кои морале да ги напуштат за време на поплавите, што погодија повеќе од 20 региони.
Областа Асам во североисточниот дел на земјата е најзагрозениот регион со најмногу смртни случаи.
Во поплавите што беа предизвикани од монсунските дождови од јуни до денес во областа на Асам, Аруначал Прадеш и Манипур загинаа околу 80 луѓе.