İdiris Okuduci
17 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
ЕРБИЛ (АА) - Според првичните информации, во катастрофата во поплавите во Ербил, Ирак, животот го загубија 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Ербил, Омид Хошнав, во изјава за локалните медиуми рече дека од синоќа, поради обилните дождови, поплави имало во многу населби и региони во границите на покраината.
Хошнав изјави дека во поплавата загинале 8 лица, меѓу кои има жени и деца.
Наведувајќи дека куќите на граѓаните се поплавени додека тие спиеле, гувернерот Хошнав рече дека загубата на животи е голема и дека ситуацијата сега е под контрола.