Tufan Aktaş
07 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 15 лица ги загубија животите во поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови во Уганда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Црвениот крст на Уганда објави дека 15 тела се извлечени од областа зафатена од катастрофалните поплави во регионот Касесе, во западниот дел на земјата.
Во соопштението се наведува дека најголем дел од лицата што ги загубија животите се жени и деца. Во тек се операции за пребарување и спасување на преживеаните.
Се истакнува дека поплавите уништиле многу домови и деловни објекти.
Во Уганда, во која од почетокот на минатиот месец се случија голем број катастрофални поплави, од почетокот на месецот досега починаа повеќе од 20 лица.
Метеоролошкиот завод на Уганда упати предупредување до јавноста дека се очекува зголемување на врнежите во текот на септември.