Meiramgul Kussainova
07 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украина соопшти дека загубата на персонал во приватните воени компании што Русија ги вклучи во војната со Украина, надмина 40 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се тврди дека руските сили претрпеле најмногу загуби во регионот на Доњецк.
Се нагласува дека 460 руски војници ги загубиле животите во последните 24 часа, а вкупно 50.610 руски војници од почетокот на војната.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана од 25 март се нагласува дека 1.351 руски војник загинале во Украина.
Во едно друго соопштение на украинскиот Генералштаб во врска со областите каде што продолжува војната, се наведува дека руските сили исфрлиле повеќе од 7 проектили и извршиле 25 воздушни напади насочени кон воената и цивилната инфраструктура на Украина во последните 24 часа.
Во соопштението, меѓу другото, се наведува дека руските војници продолжиле со воздушните и копнените напади во правците на Северск, Харков, Славјанск, Краматорск, Запорижиа, Бахмут и Авдеевка.
„Украинските вооружени сили не дозволуваат непријателот да навлезе длабоко на територијата на Украина. Непријателските напади се успешно одбиени во областите Григоревка, Зајсево, Соледар, Бахмутское, Веселаиа Долина и Опитное“, се додава во соопштението.
Се тврди дека руските приватни воени компании претрпеле значителни загуби, особено во правец на Харков, а загубата на персоналот во овие специјални единици надминала 40 проценти.
Во 27-те воздушни напади извршени од страна на Украинската армија, погодени се складиштето за муниција на руските сили и места за складирање опрема.
Исто така, соопштено е дека авион Су-25 на Руската армија, хеликоптер КА-52, едно беспилотно летало и 5 крстосувачки ракети КХ-101 се уништени од системи за противвоздушна одбрана во различни области.