Dilara Zengin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ВАШИНГТОН
Амазон, познатата американска компанија за електронска трговија, најави дека уште 75.000 лица ќе бидат ангажирани по најавата минатиот месец дека ќе вработи 100.000 работници за да ја задоволи се поголемата побарувачка за купување преку интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Наведоа дека и кај нив, по избивањето на Ковид-19 се зголемил бројот на нарачки преку интернет.
„И понатаму гледаме дека побарувачката е зголемена и ќе продолжиме да вработуваме, создавајќи 75.000 работни места за да им помогнеме на нашите клиенти во овој период“, соопштија од Амазон.
Се работи за вработување ширум Соединетите Американски Држави (САД).
Наведено е и дека се продолжува со зголемувањето на платите и се очекува дека таа инвестиција ќе надмине 500 милиони долари.