Barış Seçkin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 566 лица, вкупно 20.465 досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
Моменталниот број на заразени се зголеми за 1,3 отсто од вчера на 159.516 потврдени случаи, што претставува пад за 2 отсто во однос на бројот забележан пред 24 часа. Бројот на излекувани лица продолжува да се зголемува и досега се излекувани 35.435 лица, додека има денденција на намалување на бројот на пациенти на интензивна нега веќе десетти ден по ред.
Епицентарот на епидемијата во Италија останува во северниот регион Ломбардија, кој денес изнесува 10.901 жртви, што е повеќе од половина од вкупниот број.
И покрај се поголемите притисоци да започнат да се укинуваат некои од построгите мерки, барем за италијанските најзагрозени компании, премиерот Џузепе Конте во петокот најавина продолжување на речиси сите рестриктивни мерки до 3 мај, и дека само неколку исклучоци ќе бидат направени.
Италијанските власти најавија и поостро казнување на сите оние кои ќе се обидат да ги прекршат строгите мерки на забрана на движење за време на празниког Велигден, заминувајќи во посети на други лица или фамилијарни дружења. Проверките се интензивирани, полициските контроли се наоѓаат на главните патишта и автопати, а движењето на луѓето се контролира со помош на дронови.