?kipa
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Повеќе од 3.500 бразилски војници влегоа во фавелите во северниот дел на Рио де Женеиро, како дел од напорот во борбата за сѐ поголемото насилство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во раните утрински часови денес, воените трупи влегоа во заедницата Комплексо до Линс и соседна Камариста Мејер. Министерот за одбрана Раул Хунгман за бразилските медиуми изјави дека трупите ќе останат таму колку што ќе биде потребно.
Минатата недела во Рио беа распоредени 8.500 војници во борбата против организирани криминални групи, кои контролираат многу сиромашни квартови во градот.
Бразилската телевизија ги прикажа снимките од бразилските војници вооружени со автоматски пушки како на тенкови патролираат низ фавелите.
Порастот на насилствата во Рио де Женеиро ги принуди властите да признаат дека последните недели немаат контрола над поголем дел од градот.