Riyaz Khaliq Khaliq
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Поранешниот јапонски министер за надворешни работи, Фумио Кишида, денеска е избран за нов лидер на јапонската владејачка Либерално -демократска партија (ЛДП), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тој ќе го наследи премиерот во заминување, Јошихиде Суга.
Кишида го победи министерот за вакцинација, Таро Коно, во вториот круг од трката за лидер на партијата, според веста на новинската агенција „Кјодо“.
Поранешниот министер за надворешни работи добил 257 гласа, додека Коно, само 170.
Под притисок поради слабата политика против коронавирусот, Суга на почетокот на овој месец соопшти дека ќе се повлече од функцијата премиер и дека нема да се кандидира за лидер на партијата.
Кишида треба да биде избран за премиер за време на специјалната седница на Парламентот што ќе се одржи в понеделник.
Либерално-демократската партија имаше четиринасочна трка за лидерската позиција во која учествуваа и две кандидатки: Санае Такаичи, поранешна министерка за комуникации и Сеико Нода, вршителка на должноста генерален секретар на партијата.
Тие загубија во првиот круг, а изборите за лидер на партијата продолжија помеѓу Кишида и Коно во вториот круг.