Muhammet Kurşun
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранската Влада, Али Ребии, рече дека политиката на максимален притисок и санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) се при крај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во главниот град Техеран, владиниот портпарол даде оцена на санкциите на САД и за администрацијата на демократот Џо Бајден, кој победи на претседателските избори.
Ребии изјави дека тоа што го израдува народот на Иран од изборите во САД е неуспехот на политиката на максимален притисок и неуспехот на администрацијата на Доналд Трамп која ја поддржуваше таа политика.
Додавајќи дека гласот на уривање на ѕидовите на санкциите наметнати од Трамп го слушнал целиот свет, Ребии нагласи: „Политиката на максимален притисок дојде до крајот. На масата на сегашната банкротирана Влада на САД не останува друга опција. Тие дојдоа до крајот на патот“
Истакна дека иранската Влада ќе работи за интересот на народот, и додаде дека доколку бидат укинати санкциите од САД, има земји кои сакаат да инвестираат во Иран.
Ребии, исто така, додаде дека Владата е лишена од 160 милијарди долари поради санкциите и дека во буџетот за новата година ќе се обидат да ја намалат зависноста од нафтата.