ИСТАНБУЛ (АА) - Аплицирањето за меѓународниот натпревар за фотографија „İstanbul Photo Awards 2020“, во организација на Агенција Анадолија (АА) продолжува до 31 јануари.
Австралискиот фотограф Адам Прети, кој освои награда во спортот во 2017 година, две недели пред крајот на аплицирањето, во разговор за АА зборуваше за импресиите од натпреварувањето и влијанието на наградата врз неговата кариера.
Наведувајќи дека „İstanbul Photo Awards 2020“ е еден од најголемите и најпочитуваните натпревари во областа на фотографијата, Прети рече: „Речиси сите што ги познавам и работам со нив, учествуваат, така што можам да кажам дека постигна голем успех.“
Прети рече дека наградата му помогнала за развојот на неговата кариера.
Тој својата кариера како фотограф ја започнал во „Сиднеј морнинг хералд“ (The Sydney Morning Herald), а во 1998 година се префрлил на спортска фотографија во „Гети имејџис“ (Getty Images).
Фотографот Прети оттогаш има работено на различни места како што се Лос Анџелес, Сиднеј, Пекинг, Токио и Минхен.
„Ќе продолжам да го поддржувам овој натпревар и ќе им препорачам на другите фотографи да учествуваат“, нагласи Прети.
Според Прети, наградите се многу важни за фотографите и помагаат да се препознае нивната работа.
„Исто така [натпреварот] помага да се направи проценка на годината. Овозможува навистина добра платформа за споделување на својата работа со колегите и платформа преку која вашата работа може да се види низ светот“, рече Адам Прети.
Тој исто така додаде дека е многу среќен бидејќи неговата работа била признаена и забележана на „İstanbul Photo Awards“.
„Никогаш порано не сум бил забележан. Тоа беше голем поттик за мене. Ме поттикна да работам на слична приказна. Тоа и го направив. Навистина успеав да доловам други убави фотографии и да ја продолжам серијата.“
- „Натпреварите можат да ѝ помогнат на индустријата“
Прети во разговорот ја нагласи важноста да се употребат соодветни етички правила за начинот на кој лицето се справува со приказна.
„Понекогаш натпреварите можат да ѝ помогнат на индустријата, обезбедувајќи добра платформа за забележување од страна на мејнстрим медиуми“, истакна Адам Прети.
Опишувајќи ги елементите неопходни за да се награди фотографијата, Прети рече: „За една спортска фотографија, би сакал да видам нешто оригинално што досега не сум го видел. Исто така во една фотографија е важно да се комбинираат многу различни естетски елементи. Една спортска фотографија со моќно дејство, графика, форма и осветлување може да биде достојна за награда.“
Наведувајќи дека освојувањето на наградата е неверојатна поддршка за отворањето на вратите за различни работни места, Прети ја истакна важноста за претставување на едно дело пред меѓународно жири.
„Ова обично значи дека сте на вистинскиот пат на фотографирањето и дека ве води да продолжите со развој на нови приказни, идеи и фотографии“, додаде Прети.
- „Барајте нешто необично“
Прети даде совети за оние што ќе се пријават на конкурс за фотографии за 2020 година.
Истакнувајќи дека големите спортски настани многу се фотографирани, Прети рече дека ако фотографите не можат на направат интересни фотографии од тие средини, нека се обидат да фотографираат невообичаени или невидени настани.
Тој, посочувајќи дека пред аплицирањето добро би било фотографите своите фотографии да ги покажат на уредниците, колегите, блиските и доверливите луѓе, Прети рече: „Со поставување на прашања, замолете ги да ви бидат водич и да ви дадат идеи.“
„Бидете оригинални, пред сѐ. Не влегувајте во исти работи за да повторувате. Тоа направете го сами и ќе излезе нешто уникатно. Погрижете се својата работа да ја презентирате на најдобар можен начин. Така вашата работа може да биде отскочна даска за вашата кариера. Или пак можете да имате среќа да добиете некоја награда.“
Адам Прети беше победник на категоријата „Единечна фотографија од спортот“ за неговата фотографија „Под површината“, фотографирана за „Гети имаџес“.
- „Istanbul Photo Awards“
„Istanbul Photo Awards“, кој оваа година се организира по шести пат, стана меѓународен натпревар за професионални фотографи од целиот свет.
Наградите „Istanbul Photo Awards“ се организираат секоја година од Агенција Анадолија (АА), која работи со голем број професионални фотографи во својата 100-годишна историја, со цел да се промовира развојот на професијата фото-новинарство.
Фотографите од целиот свет на конкурсот треба да ги претстават своите дела од глобалните настани за изминатата година.
Фокусирајќи се на категориите вести и спортски фотографии, фотографиите се оценуваат во категориите „Фотографија на единечна вест“, „Серија фотографии за вест“, „Единечна фотографија од спортот“, „Серија фотографии од спортот“.
По завршувањето на аплицирањето, меѓународното жири ќе се состане во март за да ги објави победниците.
Во категоријата „Фотографија на единечна вест“, добитникот на наградата ќе добие 8.000 долари, во другите три категории добитниците ќе добијат награда од 5.000 долари. Второнаградените во сите категории ќе добијат награда од 3.000 долари, додека третонаградените ќе добијат по 1.500 американски долари.
Наградените фотографии од претходните години може да се најдат на веб-страницата „istanbulphotoawards.com“. Пријавите за конкурсот можат да се направат на истата адреса.
news_share_descriptionsubscription_contact


