Emre Gürkan Abay
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Шефот на воената разузнавачка служба (ГРУ), Игор Коробов, почина во 63. година од животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Руската Федерација утринава соопшти дека Коробов починал по тешко боледување.
Коробов важеше за еден од поблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, кој на функцијата шеф на воената разузнавачка служба го именуваше во јануари минатата година.
Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) важи за најголема шпионска мрежа на земјата во странство, а како цел на критики на меѓународната заедница се најде по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Салсбери, Велика Британија.
Починатиот Коробов се разболе во октомври, во екот на најжестоките критики кои неговиот сервис ги трпеше поради низата неуспешни операции.
Како агент на ГРУ Коробов работеше од 1985 година, а неговото име се наоѓаше и на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД).