Haydar Karaalp
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
БАГДАД (АА) – ХАЈДАР КАРААЛ –
Тарик Харб, правник од Ирак, истакна дека нелегалното присуство на терористичката организација ПКК во земјата е спротивно на суверенитетот на Ирак, и дека турските операции против ПКК се во интерес на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Харб за АА говореше за нелегалното присуство на ПКК во Ирак и операциите на Турските вооружени сили (ТСК) против ПКК во северен Ирак.
„Владите во Ирак не го одобрија присуството на ПКК овде“, рече Харб и додаде: „ПКК во Ирак влезе по нелегални патишта и незаконски. Однесувањето на ПКК во Ирак во областите каде што во мнозинство живеат Курди, пред сѐ му штети на ирачкиот суверенитет, покрај тоа што нејзината цел е Турција.“
- „ПКК е карцином што ја зафати ирачката територија“ -
Потсетувајќи дека има договори меѓу Багдад и Анкара во врска со нелегитимното присуство на ПКК во Ирак, Харб рече:
„Присуството на ПКК во Ирак е исто така спротивно на меѓународното право. Ситуацијата во Багдад да беше добра, Владата на оваа земја ќе ја отстранеше ПКК од Ирак. Затоа што ПКК е карцином што ја зафати ирачката територија. ПКК, искористувајќи ја слабоста на Багдад, во земјата воспостави бази, зароби некои села и градови.“
- „Причината за турските операции во Ирак е нелегалното структурирање на ПКК во Ирак“ -
Ирачкиот правник Тарик Харб исто така нагласи:
„Турските операции против ПКК се во интерес на Ирак. Ако со овие операции ПКК биде отстранета од Ирак, тоа ќе биде од голема корист за Багдад. Ирак треба да ја заштити својата територија. Ако ПКК не е тука, нема да има и операции. Инаку, Турција никогаш без причина не би спроведувала операции во Ирак. Турција нема непријателски однос кон Курдите на северот од Ирак.“