Aybala Arpacı
27 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
МАДРИД (АА) - Предвремените избори кои се одржаа вчера во Шпанија не ја решија политичката неизвесност во државата, бидејќи исто како и претходните избори, одржани на 20-ти декември минатата година, победи десно ориентираната Народна партија (PP), но повторно не го постигна потребното мнозинство самата да формира влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај тоа, во парламентот кој брои 350 места, од претходните 123, Народната Партија доби 137 пратеници, на изборите кои беа спроведени во 52 покраини, таа победи во 44 и воедно е победник на овие избори.
Во промотивниот говор кој го одржа претседателот на партијата и премиер на Шпанија, Мариано Рахој рече: „Победивме на изборите, Сега го бараме правото да владееме со земјата".
Во текот на својот говор, Рахој зборуваше за територијалниот интегритет на Шпанија и заедничките интереси на Шпанците.
„Беше тешко, но се боревме и победивме во интерес на Шпанија и шпанскиот народ. Ние сме партија која пред сè ги штити интересите на Шпанците и затоа оваа партија заслужува да биде почитувана", рече Рахој.
За време на говорот на претседателот на Народната партија, Мариано Рахој, полицијата спречила помала група на луѓе со знамиња на Подемос да се пробијат до седиштето на Народната партија.
Социјалистите го обвинија Подемос за зголемување на бројот на пратеници на Народната Партија.
Во споредба со изборите од 20 декември, најголемата левичарска партија, Социјалистичката работничка партија, освои пет пратенички места помалку и во новото Собрание ќе има 85 претставници. Лидерот на партијата, Педро Санчез, го обвини Подемос за зголемениот број пратеници на Народната партија на овие избори.
Лидерот Санчез истакна дека и покрај се, Социјалистичката работничка партија останува најголема левичарска партија во Шпанија и додаде: „Непопустливоста на Подемос е причина за зголемувањето на бројот на пратеници на десничарите".
Санчез рече дека по објавените резултети го побарал претседателот на Народната партија, Рахој и му ја честитал победата.
Според 99,9 отсто од отворените избирачки кутии, распоредот на 350 пратенички места во шпанскиот парламент е следен:
Народна партија освои 137 пратенички места, Социјалистичката работничка партија 85, додека левичарската коалиција Унидас Подемос освои 71 место во шпанскиот парламент. На четврто место е либералната партија Ѓраѓани (Сиудаданос) која во парламентот ќе има 32 пратеници.