Barış Seçkin
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер Марио Драги вчера рече дека неодамнешните евакуации од Авганистан уште еднаш ја откриле несоодветноста на Европската Унија (ЕУ) во справувањето со миграциското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
„ЕУ, обединета во многу принципи, не може да се соочи со овој проблем и ова е проблем со постоењето на Унијата“, рече Драги за време на прес-конференцијата.
Потсетувајќи на инцидентите што се случија за време на евакуацијата од Авганистан, тој рече: „Има земји кои велат ’не сакаме имигранти пред оваа страшна трагедија‘. Не знам дали се сеќавате, но како ќе го направите тоа?“
Како мандат-претседател на Самитот на Г20 во 2021 година, Драги истакна дека продолжува да размислува за одржување вонреден самит специјално за Авганистан и дека одржува контакти за оваа намена.
Во смртоносните експлозии пред аеродромот во Кабул минатиот четврток загинаа најмалку 170 луѓе, од кои 13 американски војници, а десетици други беа ранети.
Според соопштението на групата, одговорноста за нападите ја презеде ДЕАШ.
Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан на 15 август, принудувајќи го претседателот Ашраф Гани и други високи функционери да ја напуштат земјата.
Групата е во процес на формирање авганистанска влада, за што се очекува официјално да биде објавено денеска.