Şenhan Bolelli
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
МАДРИД - Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, го повтори повикот за конструктивен дијалог во односите меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ) околу спорот во Источен Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Санчез во своето обраќање на пленарната седница го информира шпанскиот Парламент за состанокот на Европскиот совет одржан на 10-11 декември, при што изјави: „Треба да воспоставиме конструктивен дијалог и да создадеме конструктивна агенда со Турција.“
Истакнувајќи дека политиката на Шпанија во односите меѓу ЕУ и Турција се заснова врз два фундаменти, додаде:
„Како Шпанија, се солидаризираме со Грција и администрацијата на кипарските Грци наспроти едностраните иницијативи на Турција во Источен Медитеран. Но во исто време, свесни сме дека со Турција, како земја членка на НАТО, имаме повеќенасочен однос, во различни перспективи. Свесни сме и за позицијата на Турција, првенствено во решавањето на ситуацијата во Сирија и Либија или за миграциските прашања. Потребно е под раководство на високиот претставник на ЕУ, [Жозеп Борел] и Европската комисија да воспоставиме конструктивен дијалог и да создадеме конструктивна агенда со Турција.“
Слична изјава Санчез даде по состанокот на Советот на ЕУ што се одржа на 11 декември.