Rustam Mikayilli
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ВИЛНУС (АА) - Претседателката на Литванија, Даља Грибаускајте, во разговор со новинарите во врска со Самитот на НАТО, кој од 8-ми до 9-ти јули ќе се одржи во Варшава изјави дека за првпат ќе бидат преземени колективни воени мерки за одбрана, јавуава Anadolu Agency (AA).
Таа во глвниот град на Литванија, Вилнус, истакна дека „Потребно е Русија да се одврати со вистинска воена моќ".
Претседателката Грибаускајте изјави дека за заканата и по последниот самит во Велс не е намалена.
„За жал не е намалена заканата по Самиотот на НАТО во Велс. Време е за преземање на дополнителни безбедносни мерки. Потребно е Русија да се одврати со вистинска воена моќ."
Во Варшава ќе биде донесена одлука за испраќање на 4.000 војници во Балтичките земји и Полска, нагласи претседателката и додаде дека „Германија ќе ја преземе координацијата со воената Унија во Литванија. Сакаме и останатите земји-сојузници да се приклучат. Особено Скандинавските земји и земјите на Бенелукс."