Emre Gürkan Abay
01 Септември 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Равил Маганов, претседателот на Управниот одбор на руската нафтена компанија „Лукоил“, паднал од прозорецот на болницата во која се лекувал и го загубил животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на руската новинска агенција ТАСС, базирана врз информации добиени од безбедносни извори, се наведува дека Маганов се лекувал во болница во Москва поради срцев удар.
Во веста во која се соопштува дека Маганов починал утринава паѓајќи од прозорецот на шестиот кат од болницата, се потенцира дека претседателот на Управниот одбор на компанијата „Лукоил“ користел антидепресиви.
Во тек е истрага во врска со инцидентот. Постои сомневање дека Маганов извршил самоубиство.