Aydoğan Kalabalık
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
КАИРО (АА) - Претседателските избори во Египет ќе се одржат од 26 до 28 март, а евентуалниот втор круг во април, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборната комисија на Египет денес на прес-конференција соопшти дека резултатите од изборите ќе бидат познати на 2 април.
Лашин Ибрахим, претседател на Изборната комисија на Египет, рече дека египетската дијаспора ќе гласа од 16 до 18 март, односно од 19 до 21 април, во вториот круг, доколку биде потребно.
Тој потсети дека доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во март, вториот круг ќе се одржи од 24 до 26 април.
Истакна дека листата со кандидатите, како и бројот на нивните поддржувачи, ќе биде објавена во Службен весник на 31 јануари.
Актуелниот египетски претседател, Абдел Фетах ел-Сиси, сè уште не објави дали ќе се кандидира за втори четиригодишен мандат, но на изборите се очекува неговото учество.
Познатиот активист за човекови права, Калед Али, исто така ќе биде еден од кандидатите на претседателските избори во Египет.