Murat Tan
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
ГАЗА (АА) - Граничниот премин Рефа во Газа привремено е отворени за голем број на студенти и пациенти кои чекаат да влезат во Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетските власти соопштија дека граничниот премин е отворена во двете насоки во следните три дена.
Од канцеларијата на граничните премини, кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на појасот Газа, потврдија дека на граничниот премин Рефах, единствениот излез од Појасот Газа од 2006 година, привремено е отворен за итни случаи.
Тие додаваат дека во следните три дена преку граничниот премин може да надмине пациенти, ученици и граѓани со странски пасоши и оние кои имаат дозвола за престој.
Граничениот премин Рефа е единствениот излез од Појасот Газа од 2006 година, кога дојде до израелската блокада на палестинската територија. По воениот удар во Египет во 2013 година, овој граничен премин беше затворен, поради безбедносни причини.