Fatma Esma Arslan
04 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Приврзаниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, спроведувајќи ја својата пропаганда на оцрнување на операцијата на Турските вооружени сили (ТСК) во Африн, употребија фотографија на бебе починато во Источна Гута, подрачје кое се наоѓа под блокада на режимот на Асад. Истовремено, друга фотографија снимена во турскиот град Тунџели ја насловија „ТСК во Африн ги оштетува историските споменици”, пишува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили (ТСК) ја спроведуваат операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, во северозападниот дел на Сирија, борејќи се против терористичките организации ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ. Приврзаниците на овие терористички организации со цел да ја оцрнат оваа операција, додадоа уште три фотографии кои немаат никаква врска со реалноста и вистинските случувања на теренот.
На социјалните мрежи објавија фотографија на починато бебе под наслов „ТСК како цел ги зема децата”. Станува збор за фотографија снимена во Алепо и споделена на една интернет страница на 10 јуни 2013 година.

Приврзаниците на терористичките организации на интернет споделија фотографија под наслов „ТСК во Африн ги оштетува историските споменици”. Станува збор за фотографија снимена на 31 јануари за време на операцијата на единиците на Турските вооружени сили (ТСК) спроведена против терористите на ПКК во турскиот град Тунџели, при што е пронајдено дело кое потекнува од средниот век.

Поддржувачите на тероризмот, уште еднаш се обидоа како алатка за своите лаги да ги искористат фотографиите од Источна Гута, подрачје кое се наоѓа под блокада на режимот на Асад.
На интернет споделија фотографија под наслов „Дете убиено во Африн од страна на ТСК”. Се покажа дека станува збор за 1,5 годишно бебе кое поради неухранетост и без лекарства починало во Источна Гута.
Претходно, еден од лидерите на ПЈД/ПКК, Салих Муслим, преку својот профил на социјалните мрежи објави невистинита фотографија насловувајќи ја „Турција спроведува масакр во Африн”, фотографија за која подоцна се покажа дека е снимена во Источна Гута во 2014 година.
Преку профили на социјалните мрежи блиски на ПЈД/ПКК, на интернет е споделена фотографија снимена од страна на АА на планината Бурсеја и наместо војникот со турското знаме, кој стана симбол на операцијата, фотографијата е измонтирана како да станува збор за ДЕАШ.
Вчера, за време на митингот на терористичката организација во Германија, фотографијата на девојче од Газа на постерите на организацијата беше претставено како да станува збор за девојче од Африн.