Aynur Ekiz
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 30 цивили, во обид да побегнат од сирискиот град Ал-Баб, загинаа во нападите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили соопштија дека овие цивили загинале во напад што припадниците на терористичката организација ДЕАШ го извршиле со мини и експлозивни уреди.
Од друга страна, во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат” којашто се спроведува во Сирија, уништени се 113 позиции на терористичката организација ДЕАШ.
Уништени се засолништа, одбранбени упоришта, командни штабови но и возила и оружје.