İnci Gündağ
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Петтиот по ред претстолонаследник на британскиот претсол, принцот Хари, изјави дека по цели 20 години можел да се соочи со смртта на својата мајка, принцезата Дијана, јавува Anadolu Agency (AA).
Принцот Хари за британскиот весник „Дејли телеграф“ (Daily Telegraph), даде репортажа во која зборуваше за тешкиот 20-годишен период по смртта на неговата мајка.
Тој изјави дека по смртта на мајка му во 1997 година, во сообраќајната несреќа што се случи во Париз, ги затворил сите свои чувства, а како причина за прифаќањето на репортажата го навело поттикнувањето на луѓето да ги разбијат предрасудите во врска со менталното здравје.
Принцот Хери (32) цели 20 години се обидувал да не размислува за смртта на својата мајка, и истакнува дека во врска со нејзината смрт одбивал да го прифати настанот и се обидел да не размислува ништо на таа тема.
Во репортажата, принцот Хари истакнува дека ваквото однесување многу влијаело на неговиот приватен и деловен живот, така што на 20-годишна возраст, по препорака на својот постар брат Вилијам, започнал да посетува психолошко советувалиште. Принцот го окарактеризира двегодишниот период на прифаќање на настанот, како вистински хаос.
Тој вели дека покрај психолошкото советување и навлегувајќи во боксот, започнал да си доаѓа на себе.
Принцот Хари, неговиот постар брат Вилијам и сопругата на Вилијам, Кејт, војвотката од Кембриџ, учестуваат во кампањи коишто ги обработуваат темите за менталното здравје и свесноста за проблемите со менталното здравје.