Hasan Esen
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ЛОНДОН
Издаден е црвен билтен за агент на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) која е одговорна за смртта на момче во Велика Британија, но поради дипломатски имунитет избегала од земајта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот печат објави дека Интерпол издал одлука за фаќање на американската државјанка Ен Сакулас која била вмешана во несреќата во која животот го загубил 19-годишниот Хери Дан.
Портпаролот на семенството на Ред Сајгер даде писмено соопштение во коеги потврдува вестите и додава „Тоа нејзе ја прави бегалец. Тоа значи дека доколку направи чекор надвор од САД ќе биде фатена и испорачана на В.Британија“.
Сајгер истакана дека одлуката на британските власти е показател дека за време на смртта на момчето Сакулас немала дипломатски имунитет.
- Избега по несреќата
Хари Дан на 19-годишна возраст го загуби живот во несреќата што се случи во близина на американската разузнавачка база во подрачјето на Нортхемптоншир на 27 август 2019 година.
Истрагата покажа дека во моментот на несреќата Хари управувал со својот мотоциклот во правилна лента, додека автомобилот со кој управувала Сакулас се движел во потрешната лента.
Бидејќи Сакулас имала дипломатски имунитет, нејзе неи било судено, но на таквата се жалба поднесе британската влада.
Истрагата покажа дека Сакулас која во моментот на несреќата престојувала во Британија како сопруга на висок агент, всушност и самата била агент на ЦИА.
- САД не ја испорача
Со ширењето на вестите во врска со несреќата, британските власти беа принудени да дадат некакво објаснување, а британскиот премиерот Борис Џонсон при средбата со претседателот на САД Доналд Трамп побара да се најде разрешница за случајот.
Трамп кој во белата куќа се сретна со таткото и мајката на починатиот Дан, немаше дадено зелено светло дека жената ќе ѝ биде испорачана на Британија.
По извршените притисоци, британското обвинителство во декември официјално ја обвини Сакулас и од САД побара таа да биде испорачана, но власта на САД не го одобри тоа барање.