Ekipa
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Припадник на вооружените сили на Иран отвори „пријателски оган“ во воздушната база во близина на Техеран пришто уби тројца, а рани 12 колеги војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранските медиуми јавуваат дека еден од убиените војници бил надреден офицер, а дека напаѓачот е убиен со реакција на другите војници во базата.
Деталите и мотивот на нападот се предмет на покренатата истрага, а официјалните ирански институции сѐ уште не го коментираат случајот.
И во јули, во иранската база во градот Ајбек се случи сличен инцидент, во кој еден војник уби тројца команданти и рани шест војници, иана крајот изврши самоубиство. Во септември минатата година се случи сличен напад со речиси идентичен биланс на настрадани во базата во јужен Иран.
Воениот рок во траење од две години е задолжителен за сите полнолетни и способни Иранци.