Emre Aytekin
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ТОКИО (АА) - Јапонската влада по авионската несреќа којашто се случи во Австралија, побара воениот авион од типот „MV-22 Osprey“ на американските вооружени сили, да биде привремено повлечен од употреба во јапонскиот воздушен простор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонската новинска агенција Кјодо јавува дека јапонскиот министер за одбрана, Итсунори Онодера, побарал авионите „MV-Osprey“ кои полетуваат од воздушната база Футенма, на островот Окинава, да не летаат во воздушниот простор на Јапонија сѐ додека не биде дадено задоволнително објаснување за несреќата во Австралија.
Јапонскиот министер додаде дека од Вашингтон побарале информации за точната причина за несреќата, и мерките кои е потребно да бидат преземени за да не се повтори нешто слично.
Онодера изјави дека ваквото барање е упатено со цел да се отстрани загриженоста на населението кое живее во и во близина на базата.
Освен тоа, администрацијата во Токио со американските колеги ќе разговара дали е погодно користењето на авионот „MV-22 Ospreya“ во заедничката вежба која наредната недела би требало да биде одржана на островот Хокаидо.
Авион на американска морнарица се урна вчера во заливот Шоалватер во Квинсленд, при обид да се спушти на пистата на американскиот носач на авиони “USS Ronald Regan“.
Станува збор за воен авион од тип „MV-22 Ospray“ кој на носачи на авиони се спушта и полетува како хеликоптер, и кого американската морнарица најчесто го користи во мисии. Спасувачките екипи спасија 23 припадници на американската морнарица кои бво авионот, а три лица се водат за исчезнати.