Zehra Ulucak,Rafiu Oriyomi Ajakaye
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
АБУЏА (АА) – Претседателот на Нигерија, Мухамед Бухари, ја објави иплементацијата на програмата за социјална помош во износ од 2,5 милијарди долари, која е во рамките на програмата за борба против сиромаштијата, пренесува Anadoly Agency (AA).
„Сиромашните во Нигерија, веќе многу долго се на работ на преживување”, рече Бухари, во изјавата дадена за еден телевизиски канал.
Според Бухари, 2,5 милијарди долари од буџетот се распределени на пет нивоа за поддршка на програмата за социјална грижа, во чии рамки ќе бидат вработени 500 наставници, и 5,5 милиони деца ќе бидат запишани во училиште.
Во изјавата, Бухари наведува дека дел од социјаната програма ќе биде делот наменет за акцијата „носители на потреба”, која ќе се реализира преку готовински трансфер на средства до најзагрозените, а меѓу останатите цели свое место ќе заземе и програмскиот дел за доделување на грантови за поддршка на учениците од научно-технолошката област.
Бухари изјави дека владата работи на усогласување со неодамна објавената фискална и монетарна политика од страна на централната банка, но го изрази своето негодувавање за девалвација на нигериската валута, наира.
Во соопштението од Фондот за помош на децата при ОН (УНИЦЕФ), се наведува фактот дека на над милион деца од североисточниот дел на Нигерија, и од соседните земји, кои страдаат од насилства врз цивилното население, им е одземено правото на образование.