Ekipa
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Градоначалникот на Лондон и член на Лабуристичката партија, Садик Кан, ќе му се приклучи на британскиот премиер Дејвид Камерон во кампањата против излегувањето на Велика Британија од Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Кан денес заедно со Камерон, лидерот на Конзервативната партија, ќе се појавуваат во заедничка кампања преку која ќе ја повикаат земјата да остане во блокот од 28 земји.
Камерон за време на едномесечната кампања истакна дека Велика Британија ќе биде „побезбедна и посилна”, ако остане во Европската унија, но тој став не го делат одредени негови сопартијци, особено поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кој рече дека ќе ја поддржи кампањата за излегување на Велика Британија од ЕУ
Кампањата за останување во Унијата беше интензивирана пред референдумот закажан за 23-ти јуни. По тој повод, Кан денеска ќе му се приклучи на Камерон во кампањата под слоганот „Британија е посилна во Европа”. Тој рече дека прашањето за референдумот е поважно од политичките разлики меѓу двајцата функционери.