Meltem Bulur
18 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
АНКАРА (AA) - МЕЛТЕМ БУЛУР -
Во 226 претседателства и во 136 земји од светот се организирани пригодни програми по повод одбележувањето на годишнината од 15. јули 2016. година, денот кога воените лица припадници на терориситчката организација ФЕТО, се обидоа да изведат државен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на изминатата седмица по повод одбележувањето на годишнината организирани се и 216 средби на амбасадори и конзули со локалните претставници на медиумите.
Во локалните медиуми се објавени 47 написи кои ги напишале турски амбасадори, како и 37 известувања за да на пригоден начин се потсети на шехидите и ветеранните кои страдаа на 15. јули.
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека од 9 до 15 јули во земјите ширум светот организирани се низа изложби и други пригодни програми.
Написот кој го напиша премиерот на Турција Бинали Јилдирим објавен е во 47 медиуми во 30 земји.
Под покровителство на амбасадата на Република Турција и конзулатот во соработка со AA отворени се 69 изложби на фотографии.
Пригодни програми и активности организирани се и во земјите од регионот. Во земјите од Балканот, но и Европа, организирани се пригодни верски програми.
Освен тоа, бројни функционери од многу земји меѓу кои се наоѓаат Македонија, Молдавија, Азербејџан, Украина и Финска, до турските функционери упатени се писма во кои се изразува солидарност со Турција.
За важноста на овој ден говореа и министри, како и други функционери на САД, Естонија, Венецуела, Летонија, Литванија, како и претставници на НАТО и институциите на Европската унија (ЕУ).