Ruslan Rehimov
24 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
БАКУ
Напнатоста на чекање продолжува на линијата на фронтот, каде што Ерменија врши напади и притисоци кон азербејџанската страна, известува Агенција Анадолија (АА).
Иако нема насилни судири на линијата на фронтот во местото Товуз сместено во пограничното подрачје по повторното разгорување на судирите во почетокот на неделата, ерменската страна продолжува да врши притисок упатувајќи истрели кон азербејџанската страна.
Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменската армија извршила 69 прекршувања на прекинот на огнот во последните 24 часа, притоа користејќи автоматски пушки и снајперско оружје.
Азербејџанската армија, која речиси секој ден спроведува вежби за да ја одржи борбената моќ на армијата во живот, се наоѓа во состојба на готовност од можни нови напади и провокации.
Според впечатоците што ги стекнал репортерот на Агенција Анадолија (AA), луѓето во регионот го продолжуваат својот секојдневен живот, и покрај судирите и звуците на огнот што се слушаат во непосредна близина.
Ерменската армија на 12 јули се обиде да ги нападне азербејџанските позиции во местото Товуз, вклучувајќи и артилериски истрели, а се повлече по реакцијата од страна на азербејџанската армија, претрпувајќи жртви.
Во конфликтот загинаа 12 војници на азербејџанската војска, од кои еден генерал-мајор.
Судирите во истиот регион беа обновени на 21 септември, во кои загина еден војник на азербејџанската армија, а еден војник беше ранет.
Азербејџанската армија го собори ерменското беспилотно летало кое било во извидница.