Hamdi Yıldız
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
БАГДАД (АА) - Ирачката Црвена полумесечина објави дека се откриени посмртните останки на 629 војници кои исчезнаа за време на Иранско-ирачката војна од 1980 до 1988 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Објавувајќи го списокот со имиња во координација со Одделот за затвореници и исчезнати лица, организацијата ги повика и нивните семејства да ги примат посмртните останки.
Не се споменува кога и каде се пронајдени посмртните останки.
Иран и Ирак повремено разменуваат останки и тела на војници врз основа на заедничкиот договор што го потпишаа во Женева во 2008 година.
Иако нема официјални податоци за бројот на исчезнати војници во осумгодишната војна, се проценува дека од двете страни биле убиени околу еден милион.