Sinan Doğan
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
БОГОТА
Во јужноамериканската земја Еквадор беше објавено дека реката Амазон е под закана поради загадувањето предизвикано од истекувањето на нафтата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во еквадорскиот печат, излевањето нафта, кое настанало како резултат на уривање на карпа врз нафтовод, се проширило на површина од околу 300 километри во реката во амазонските шуми.
Лола Пијагуахе, потпретседателка на Конфедерацијата на домородните националности на Амазон во Еквадор, изјави дека здравјето на локалното население што живее во регионот е во опасност поради загадувањето предизвикано од излевањето и побара од властите брзо да дејствуваат.
Пијагуахе, предупредувајќи на еколошка катастрофа, рече: „Државата Еквадор мора да внимава на барањата [доставени до неа], ако не ги исполни, ќе работиме со сите сили за да ја исчистиме реката. Реката е единственото богатство на домородните народи.“