Nuri Aydın
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Властите на Цивилното воздухопловство на Непал денес соопштија дека го извлекле и последното тело од остатоците на малиот патнички авион со 22 лица, кој се урна во неделата, известува Агенција Анадолија (АА).
Део Чандра Лал Карн, портпаролот на непалската управа за цивилно воздухопловство, за Агенција Анадолија изјави дека ги пронашле телата на сите 22 лица кои се наоѓале во авионот.
„Го пронајдовме и последното исчезнато тело“, рече тој.
Властите прават обиди за транспорт на преостанатите 12 тела од местото на несреќата во Катманду, главниот град на Непал.
Портпаролот Лал Карн, исто така, информираше дека прелиминарните истраги откриле дека причината за несреќата би можело да бидат „неповолни временски услови“.
Утврдено е дека авионот на „Tara Air“, кој се обраќал на релацијата од градот Похара кон планинскиот град Џомсом, и по некое време го загубил контактот со кулата, се урнал во подрачјето на планината Тасанг, во регионот Мустанг на височина од 14.500 стапки (околу 4.420 метри).

Авионот од типот „9N-AET twin Otter aircraft“ со 19 патници и тројца членови на екипажот се обраќал на релацијата од градот Похара кон планинскиот град Џомсом во централен Непал.
Меѓу починатите 22 патници и членови на екипажот кои се наоѓале во авионот, имало четворица Индијци и двајца Германци.
Авионските несреќи се честа појава во Непал поради неповолните климатски и географски услови.
Во несреќа што во 2018 година се случи при слетувањето на патнички авион кој се обраќал на реалцијата Дака – Катманду, животот го загубија 51 лице.