Ata Ufuk Şeker
05 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, главниот град на Белгија група екологисти протестираа со цел да го привлечат вниманието кон уништувањето на шумите во Амазон, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на протестите што ги организира еколошката организација „Гринпис“ (Greenpeace), протестантите се собра на плоштадот „Шуман“ кој се наоѓа пред институциите на Европската Унија во Брисел.
Протестантите носеа плакати на кои беше испишано „Европа купува - шумите горат“, „Повеќе да не се пролева крвта на локалното население“.
Присутните на протестот облечени во традиционална облека носеа фотографии на Пауло Паулино, од автохтониот народ Гуажажара, кој изминатите денови изминатите денови беше убиен во Амазонија.
Демонстрантите извикуваа слогани во име на екологијата и заштитата на локалното население и илегалното сечење на дрвјата во амазонските шуми во државата Маранхао, во североисточниот дел на Бразил.