Dmitri Chirciu
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврдејќи дека немаат никаков договор со Соединетите Американски Држави (САД) за местата испразнети од страна на терористичките организации во Сирија, нагласи дека нема потреба да се бараат тајни договори за Сирија, надвор од Договорот постигнат меѓу Турција и Русија во Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, на прес-конференцијата одржана во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Бурунди, Езечиел Нибигира, одговори на прашањето на дописникот на АА, за тоа дали има таен договор меѓу САД и Русија за североисточна Сирија.
Лавров, потенцираше дека Русија нема договор со САД во врска со местата во Сирија испразнети од терористичките организации и додаде: „Мислам дека денес не е можно да се постигне договор со САД за кое било прашање.“
Лавров рече дека САД во Сирија се наоѓаат „нелегално“.
„Нема да има продуктивна долгорочна политика со земја која во однос на подобрувањето на состојбата во Сирија и обезбедувањето на интегритетот не води конструктивна политика. Од друга страна, нема потреба да се бараат тајни договори за Сирија, надвор од Договорот постигнат меѓу Турција и Русија во Сочи. Договорот се имплементира многу прецизно.“