Vesna Besiç
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ХЕБРОН (АА) - За време на протестите на Палестинците во Хеброн на Западниот брег, со солзавец интервенираа израелските војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Се собраа за да искажат протест поради убиството на 17 годишниот Палестинец, Хамза Зеамир. Убиен е поради наводен напад со ладно оружје врз припадниците на израелските сили.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на 6 декември 2017 година донесе одлука за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, а на американското министерство за надворешни работи му нареди преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
По ваквата одлука ширум Западниот брег се одржуваат протести за време на кои интервенираат израелските сили.