Hakan Çopur
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Пред Белата куќа се собраа група граѓани од Кашмир кои живеат во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата граѓани протестираа во Вашингтон поради политиката на Индија кон Кашмир. Протестот е организиран од страна на „Светскиот форум на информирање за Кашмир“.
Насобраната група луѓе ја критикуваше индиската политика кон Кашмир, барајќи меѓународното јавно мислење да биде пообѕирно кон таа тематика.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Правда за Кашмир“, „Време е да се реши проблемот со Кашмир“. Демонстрантите му се обратија и на претседателот Доналд Трамп, кој имаше изјавено дека би посредувал по прашањето за Кашмир, обраќајќи му се со зборовите „Немој да преземаш чекори по прашањето за Кашмир“.
- Не е опција да се молчи околу проблемот за Кашмир
На оваа тема во име на Форумот писмено соопштение објави Гулам Наби Фаи, кој наведува: „Кашмир во моментов се наоѓа во хаос. Индија прогласи забрана за излегување на улица. Раководството на Кашмир се наоѓа во домашен притвор, а образовните институции се затворени. Не е опција меѓународните сили да молчат околу проблемот за Кашмир“.
- Индија го укина специјалниот статус на Џаму и Кашмир
Индиските власти го укинаа специјалниот статус на спорниот регион Џаму и Кашмир. Министерот за внатрешни работи на Индија, Амит Шах, го прочита тогашниот предлог-закон за измени и надополнувања на законот, со кој се укинува членот 370 од индискиот Устав, кој го регулира статусот на споменатите региони.
Двете единици ќе имаат одвоени собранија со кои ќе владее централната власт.
Членот 370 на тој регион му овозможуваше сопствен устав, одделно знаме и независност по сите прашања освен за надворешната политика, одбраната и комуникациите.
Пакистан и Индија на тој начин во 1947 година за првпат влегоа во војна за Кашмир. Поради истата причина, двете земји повторно војуваа во 1965 и во 1999 година.
Индија контролира околу 45 % од Кашмир, Пакистан околу 35 %, а Кина 20 %. Индискиот дел е наречен Џаму и Кашмир и денес е една од доминатно муслиманските покраини во Индија.
Пакистан на делот од Кашмир кој е под негова контрола му додели статус на две автономни територии наречени Азад Кашмир (Слободен Кашмир) и Гилгит-Балтистан.
Советот за безбедност на Обединетите нации со низа резолуции предвидува статусот на Кашмир да се реши со волјата на тамошното население и тој регион да се демилитаризира. Такво сценарио застапува и Пакистан, но не и Индија.
По укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија, Пакистан официјално ги прекина трговските односи со овие земји.