Derya Gülnaz Özcan
24 Октомври 2022•Ажурирај: 25 Октомври 2022
АТИНА (АА) - Група студенти во грчкиот главен град Атина организираа демонстрации со барање за подобрување на условите во образованието, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрациите се одржаа на плоштадот „Синтагма“, а студентите беа поддржани и од страна на нивните професори.
Студентите ги истакнаа нивните барања, меѓу кои и намалување на цените во кантините, бесплатни дополнителни часови, помош од 300 евра за сместување за студентите и ставање крај на полициското присуство на универзитетите.