Ahmet Furkan Mercan
27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
ТОКИО (АА) - Протести за државната церемонија за погребот на поранешниот јапонски премиер Абе Шинзо, врз кого беше извршен атентат на 8 јули, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По специјалната церемонија на 12 јули, на која присуствуваа членови на семејството и блиски пријатели во Токио, Владата на премиерот Кишида Фумио одлучи да одржи државна церемонија за Шинзо Абе.
Одлуката за одржување на државната церемонија во земјата се критикуваше бидејќи е донесена без собраниска расправа и поради трошоците.
Поради тоа, граѓаните одржаа протести на денот на церемонијата.
Демонстрантите кои одржаа марш до квартот Куданшита во областа Чијода во главниот град, каде што ќе се одржи церемонијата, извикуваа слогани „не за државната церемонија“.
Полициските службеници презедоа опсежни безбедносни мерки за демонстрациите во близина на паркот Кита-но-мару, кој е опкружен со реки и камени градби, северно од Царската палата.
Според последното соопштение на Владата, церемонијата чинела над 11 милиони долари. Забележливи се трошоците за гостување на странски делегации, за обезбедување на церемонијата и опремата.
Официјален погреб беше одржан во 1967 година за Јошида Шигеру. Шигеру го потпиша Мировниот договор од Сан Франциско во 1951 година, со кој Јапонија го врати својот суверенитет по Втората светска војна.