Dmitri Chirciu
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговарал со претседателот на Франција, Емануел Макрон, за состојбата во Нагорно Карабах, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави Кремљ се вели дека Путин и Макрон оствариле телефонска средба.
Во разговорот станало збор за ситуацијата во Нагорно Карабах, при што двајцата претседатели ја изразиле својата загриженост поради продолжувањето на судирите меѓу Ерменија и Азербејџан.
Путин и Макрон, барајќи „максимално достоинство“ и од двете страни, повикале на целосен прекин на огнот и намалување на тензиите.
Во тој контекст, двајцата лидери, истакнувајќи дека кризата во Нагорно Карабах е потребно да се реши по политички и дипломатски патишта, ги разгледале параметрите на идната интеракција во рамките на Минската група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Во утринските часови на 27 септември, на линијата на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан, ерменските сили ги нападнаа цивилните населби во Азербејџан, по што започнаа меѓусебни судири. Војската на Азербејџан започна контранапад, ослободувајќи некои населени места од окупацијата.