Islam Doğru
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
МИЛВОКИ
Во градот Милвоки во американската сојузна држава Висконсин се случи оружен напад пред погребално претпријатие во кој се ранети 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави локален телевизиски канал, нападот се случил во попладневните часови пред погребалното претпријатие „Серенити“, додека таму се наоѓале десетици лица.
Властите информираа дека меѓу седумтемина ранети се наоѓаат мажи и жени на возраст од 24 до 48 години кои се пренесени во најблиските болници.
Том Берет, градоначалникот на Милвоки, за локалниот телевизиски канал изјави дека нападот бил извршен од возило во движење кое минувало покрај погребалното претпријатие.
Во тек е истрага на полицијата во врска со настанот.